Селекторот на Франција, Дидие Дешан, вели дека Килијан Мбапе не е диктатор како што веќе извесно време се шегува јавноста на социјалните мрежи, но некои веројатно и навистина мислат дека е таков.
Франција синоќа извојува тешка победа од 1-0 над Парагвај кој играше деструктивен фудбал кој беше тешко да се пробие. Стрелец на победничкиот гол беше Килијан Мбапе од пенал.
Мбапе игра фантастично Светско првенство, а Франција изгледа страшно и важи за најголем фаворит.
По мечот со Парагвај, селекторот Дешан зборуваше и за диктаторскиот имиџ на Мбапе кој му го наметна јавноста.
„Вие направивте Килијан Мбапе да изгледа како диктатор, но реалноста е спротивна“, вели Дешан.
„Неговиот јавен имиџ воопшто не е соодветен на реалноста. Килијан отсекогаш бил зрел и целиот тим го следи него“.
„Многу сум среќен што го имаме Мбапе за капитен. Што и да зборува на теренот или надвор од него, тој го претставува целиот тим“.