170
Откако продолжи сезоната во Германија, Шалке го забележа четвртиот пораз од исто толку натпревари. Тие врзаа вкупно десет меча по ред без победа во Бундеслигата.
Овој пат на свој терен загубија од Вердер со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Битенкур во 32. минута од натпреварот.
Гостите забележаа уште две победи, Ајнтрахт со 2-1 славеше кај Волфсбург, а Хофенхајм со минимални 1-0 беше подобар од Мајнц.
Честа на домаќините ја спаси Херта која со 2-0 го победи Аугсбург.