Дешам за враќањето на Бензема: Да говориме за простување, тоа е голем збор…

by
1 минути читање

Селекторот на
Франција, Дидје Дешам го врати напаѓачот Карим Бензема во националниот состав
на „Триколорите“ за претстојното Европско првенство, но инсистира на тоа дека
не било земени ништо на лична основа.

Францускиот
селектор одби да коментира и да образложи како се случил пресвртот во односите
помеѓу него и ѕвездата на Реал Мадрид кој отсуствуваше цели пет и пол години од
селекцијата на Франција.

Нема да ви дадам
вам, ниту било кого одредени детали околу оваа тема
“ категорично посочи Дешам
во интервјуто за „Франс Инфо“.

Ја знаете
приказната околу нашата средба, тоа беше најважниот чекор, се сретнавме и
разговаравме, без тоа, сево ова ќе беше невозможно
“ додаде тој.

Да говориме за
простување, тоа е голем збор, ние не говориме како Дидје Дешам како човек, туку
како тренер, а јас сум во таква позиција, ќе повторам нешто што го кажав
неколку пати претходно, иако тешко им е на некои луѓе тоа да го разберат, во
однос на оваа тема не се работи за ситуација од мој личен аспект
“ заклучи
Дешам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×