Сериозно е
занишано столчето на Андреа Пирло на клупата на Јувентус, а се верува дека тоа
во моментов е како никогаш досега, па само победа е во мислите на Пирло за
дербито во среда против Наполи.
Пораз во
заостанатиот меч од третото коло во Серија А против Наполи се верува дека Пирло
ќе го чини отказ, инаку станува збор за доста контроверзниот меч кој не се
одигра поради тоа што од Наполи наведоа дека ковид протоколите не им дозволиле
да патуваат во октомври откако имаа двајца заразаени со коронавирусот во својот
тим.
Првично Јувентус
го доби мечот по службен пат со 3-0, меѓутоа следеше нова одлука по што мечот
доби и нов термин за одигрување, а „Кориере дела Сера“ пишува дека мечот во
среда ќе биде клучен за иднината на Пирло.
Во моментов
Јувентус заостанува цели 12 бода од лидерот Интер во битката за одбрана на
титулата во Серија А.