Дербито меѓу Вардар и Пелистер заврши без победник, Дориев донесе триумф за Шкендија

by
2 минути читање

Денеска се одиграа преостанатите пет меча од првото коло во пролетниот дел од сезоната. На дербито на „Тодор Проески“ арената Вардар и Пелистер одиграа 2-2.

Натпреварот беше отворен уште во третата минута кога Петковски казни едно истрчување на гостинскиот голман и донесе предност за Вардар од 1-0.

Во 22. минута Пејаковиќ изедначи на 1-1, со тој резултат се замина на полувремето.

По само две минути игра во вториот дел Мирчевски го врати водството на Вардар од 2-1, но на десет минути пред крајот Маневски погоди за конечни 2-2.

Шкендија со пресврт дојде до победа на гостувањето кај Силекс, 2-1 за лидерот.

Силекс дојде во водство со гол на Ивановски во 20. минута. Пред крајот на првиот дел Драшковиќ со автогол изедначи на 1-1, а Дориев во 58. минута погоди за победа на Шкендија од 2-1.

Шкупи со гол на Цветаноски во 79. минута дојде до победа на гостувањето кај Борец од 1-0.

Струга ТЛ со гол на Алтипармаковски во 85. минута се спаси од пораз против Македонија ЃП која имаше водство со гол на Личина во 50. минута.

Најефикасено беше во Тетово каде Беласица ја победи Ранова со 4-2. Тимот на Ѓоре Јовановски поведе со гол на Каланоски од пенал во финишот од првиот дел.

Ренова со погодоци на Јусуфи и Стојчевски направи комплетен пресврт, но потоа Беласица даде уште три гола и дојде до големи три бода во битката за опстанок. Калонски погоди уште двапати за негов хет-трик, а еден гол беше дело на Гуџифи.

Во првиот меч од ова коло Работнички победи на гостувањето кај Академија Пандев со 1-0.

Табела:

1. Шкендија 42

2. Шкупи 36

3. Македонија ЃП 34

4. Струга ТЛ 29

5. Рабтонички и27

6. Вардар 26

7. Борец 25

8. Силекс 22

9. Пелистер 19

10. Ренова 19

11. Академија Пандев 17

12. Беласица 12

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани