Дербито меѓу Јувентус и Милан ќе биде одлучувачко за иднината на Роналдо и Донарума?

by
1 минути читање

Јувентус и Милан се дел од италијанските клубови кои се борат за место во топ четири. Секој загубен бод во овој дел од сезоната може да биде кобен за остварување на таа цел, но во дербито некој од нив мора да загуби бодови.

Според италијанските медиуми, овој меч може да биде одлучувачки за иднината на Кристијано Роналдо и Џиџо Донарума.

И двајцата фудбалерите сакаат да играат во Лигата на шампионите.

Роналдо е незадоволен од раните елиминации во Лигата на шампионите, од Јувентус најавуваат дека ќе го задржат Португалецот, но доколку не успеат да се пласираат меѓу четирите најдобри во Италија, Португалецот ќе замине.

Можни дестинации за Роналдо се ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Договорот на Донарума со Милан истекува, тој се уште одолговлекува со потпишување на нов, а во игра за него е и Јувентус.

Се верува дека Донарума чека да види како ќе заврши сезоната и кој од Милан и Јуве ќе игра во Лигата на шампионите. Младиот голман досега нема играно во елитното натпреварување и тоа сака да го направи колку што е можно побрзо.

Ако Милан загуби во недела ќе се зголемат шансите за заминување на Донарума и негова преселба во Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×