Дејан Илиев останува во дресот на УТА Арад – македонскиот репрезентативен голман потпиша нов договор со романскиот клуб и ќе брани за нив до 2027 година.
По одличната сезона во која забележа 20 настапи, Илиев успеа да го убеди раководството на клубот дека заслужува продолжување на соработката. Со своите одбрани остави силен впечаток и се наметна како сигурна опција меѓу стативите.
Поранешниот чувар на мрежата на Арсенал има богато интернационално искуство – пред УТА Арад бранеше за Сараево, а претходно ги носеше и дресовите на Серед, Јагјелонија, Шрузбери и Тренчин.
Продолжението на договорот е јасен сигнал дека Илиев се етаблира како важен дел од романскиот тим и ќе има клучна улога во наредните сезони.