Денеска Жиру пристигнува во Милан, пред потпис се уште тројца други фудбалери!

by
1 минути читање

Францускиот напаѓач од денеска ќе биде во Милано, се очекува до крајот на неделата да ги помине сите формалности и да стави потпис на договор со Милан.

Милан ќе му плати на Челси милион евра за трансферот на Жиру, со дополнителен милион во бонуси.

Но летниот преоден рок на Милан е зафатен, „Газета дело Спорт“ пишува дека постигнат е договор со Реал Мадрид за враќање на Брахим Диаз во клубот.

Шпанецот и овој пат би пристигнал во Милано на чиста позајмица, без опција да биде откупен.

Многу блиску до трансфер во Милан е и младиот фудбалер на Нанси, Варен Бондо.

А исто така пред преселба во Милан е и Фодед Бало Туре со кој личните услови веќе се договорени. Останува уште договорот со Монако, францускиот клуб бара 6 милиони евра, понудаата на Милан е 4,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×