Денеска во ПМФЛ: Шкендија домаќин на Шкупи, братско дерби во Битола

by 24 фудбал
1 минути читање

Првата македонска фудбалска лига денеска нуди четири нови пресметки од 29. коло, по вчерашната победа на Вардар над Беса (3-1). Ќе се игра на повеќе фронтови – за титула, за Европа и за опстанок.

На „Градскиот стадион“ во Тетово, лидерот Шкендија ќе ја пречека екипата на Шкупи. „Чаирчани“ се во лоша форма и доаѓаат како аутсајдери, но тетовци знаат дека нема простор за опуштање ако сакаат да останат на врвот.

Второпласираниот Силекс нема право на кикс против актуелниот шампион Струга. Кратовчани ќе се обидат да останат во трката за титулата, чекајќи евентуален кикс на Шкендија.

На „Борис Трајковски“ во Маџари, Гостивар го брка последниот воз за Европа против Работнички. За романтичарите ова е меч од огромно значење – со победа ќе побегнат на плус седум и речиси ќе ја загарантираат европската виза.

Драма се очекува и во Битола. Пелистер и Тиквеш се борат за гол опстанок. „Зелено-белите“ мора да прекинат лошата серија за да се одлепат над опасната зона, додека Кавадарчани гледаат шанса да ја поминат Беса и Брера и да дојдат во побезбедна позиција.

Сите натпревари започнуваат од 16:00 часот. За утре беше предвиден дуелот меѓу Брера Струмица и Воска Спорт, но истиот нема да се одигра, откако охриѓани официјално се повлекоа од ПМФЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани