Денеска во ПМФЛ: Најважно ќе биде во Тетово, Шкендија може да ја завери титулата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Во рамките на 31. коло на ПМФЛ попладнево ќе се одиграат три натпревари во терминот од 17:00. По откажувањето на Воска Спорт и Гостивар до крајот секоја рунда од шампионатот ќе биде скратена за по два натпревари.

Попладнево најинтересно се очекува да биде во Тетово, каде што екипата на Шкендија може математички да си ја обезбеди титулата. Тетовчани го дочекуваат Работнички во дербито на денот, а со победа ќе останат недостижни на врвот на табелата. Шкендија има четири бода предност, а во следното коло ќе впишат службен триумф над Гостивар. Поради тоа, уште денес во Тетово „црвено-црните“ со победа над „романтичарите“ можат да се промовираат во шампион на ПМФЛ.

Многу важен дуел за опстанок ќе се игра во Кавадарци, каде што Тиквеш ќе биде домаќин на Беса 1976. Кавадарчани имаат два бода повеќе од ривалот, а со евентуална победа ќе стекнат сериозна предност на табелата во пресрет на последните две кола. Брера Струмица ќе брка исто така важни бодови „за живот“ против Шкупи кој е во катастрофална форма.

Пелистер ќе впише службени три бода против Воска (3-0), а исто така и Силекс против Гостивар (3-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани