Кога неделното сонце веќе ќе зајде, почнува фудбалскиот спектакл, најпрво во Италија од 18 часот, а потоа и во Шпанија од 21 часот.
Рома и Лацио играат слична сезона во Серија А, разликата меѓу нив е еден бод и една позиција во корист на тимот на Маурицио Сари.
Првиот дуел меѓу овие две екипи го доби Лацио со 3-2, Рома ќе сака одмазда за тој пораз, а и три бода со кои ќе го прескокнат на табелата најголемиот ривал.
Неизвесен за настап во Рома е капитенот, Пелегрини кој е болен. Во Лацио ќе го нема Закањи кој во минатиот натпревар поради глума доби жолт картон и ги собра потребните картони за суспензија.

За разлика од римското дерби, „Ел Класико“ дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона нема бодовна тензија. Кралскиот клуб има дури 15 бодови повеќе од Каталонците кои имаат и меч помалку.
Реал Мадрид има десет бода повеќе од второпласираната Севиља, па Карло Анчелоти реши да не ризикува со Бензема кој нема да биде дел од денешниот натпревар. Нема да игра ниту Менди кој е повреден. Чави нема да смета на Дест кој се повреди на мечот во Турција, веќе подолго во комбинација не е ниту Фати.
Во моментов се чини дека бодовите ѝ се понеопходни на Барселона која во моментов е на четвртата позиција, но Бетис и Реал Сосиедад не се многу далеку.
Двете екипи се во одлична форма. Реал Мадрид има пет победи на последните пет меча во сите натпреварувања, а Барселона нема пораз во Ла Лига во 2022 година.
Уживајте во дерби натпреварите и обложувајте се онлајн на Моцарт, имате 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.