Дембеле се предомислува, сега сака нов договор со Барса

by
1 минути читање

Дембеле ги одби понудите на Барселона за нов договор, а не сакаше ниту да биде продаден во јануари. Во јуни е слободен играч и се шпекулираше дека веќе има договор со некој друг клуб.

Во меѓувреме тој ја крена формата и на последните натпревари прикажува фантастични партии, па се отвори прашањето дали сепак би можел да потпише нов договор.

Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте рече дека се подготвени да заборават на тоа што се случуваше во јануари и да му понудат нов договор на Дембеле.

А весникот „Спорт“ ги праша агентите на Дембеле што мислат за ставот на Барселона.

„Доколку Барса не повика, ние ќе дојдеме на преговори“, рекле агентите на Дембеле.

Тоа значи дека фудбалерот нема договор со друг клуб и е подготвен да седне на маса со Барселона. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани