Дембеле сака да остане во Барселона, но „каталонците“ поставуваат три услови

by
1 минути читање

Оваа недела беше
објавено дека Барса го известила Осман Демеле дека сака одново да ги отвори
преговорите за продолжување на соработката.

Како што
пренесува Мундо Депортиво, напаѓачот на соигречите во соблекувалната веќе им се
доверил дека е задоволен од соработката со Чави и дека сака да остане.

Сепак,
„каталонците“ поставуваат три услови. Како што беше откриено во емисијата „Ел чирингито“, тие сакаат да преговараат лично со Осман
Дембеле наместо со неговиот агент Муса Сисоко.

Исто така Барса
сака Осман Дембеле да стави потпис на четиригодишен договор (играчот преферира договор на две години) и трето, платата нема да може да биде поголема од 8
милиони евра (во моментов играчот заработува 12 милиони евра по сезона).

Останува да се
види дали двете страни ќе пронајдат заеднички јазик и ќе си подадат рака.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×