Дембеле пречекан со навреди од навивачите на Барса, Чави донел одлука (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дембеле го навлече гневот и на раководството на клубот и на навивачите откако ниту го продолжи договорот, ниту дозволи да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Неговата тактика е јасна, да го доработи договорот со Барселона, а потоа како слободен играч да се пресели во друг клуб за голема плата. Жоан Лапорта неодамна изрази сомнеж дека Дембеле веќе има договор со некој клуб.

Денеска Дембеле кога со своето возило пристигнуваше на тренинг, беше навредуван од дел од навивачите кои се најдоа таму.

Иако Лапорта најавуваше дека Дембеле може да преседи на трибини до крајот на сезоната, сепак Чави ќе го користи до крај.

„Се што можевме направивме за да најдеме решение за Дембеле. Ги разбирам позициите на сите, но мислам дека најдобро за клубот е да го играме. Мислам дека тој може да ни помогне, утре ќе биде дел од тимот“, изјави Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×