Дембеле мисли дека е Меси или Роналдо, ги шокирал Барса и Њукасл со платата која ја побарал

by
1 минути читање

Осман Дембеле ги одработува последните месеци од договорот, подолго време е во преговори со Барселона за продолжување на соработката но никако двете страни да си подадат рака.

Се говори дека проблем се огромните барања на Французинот, кој очигледно мисли дека е Лео Меси или Кристијано Роналдо.

Според новинарот Флик, Осман Дембеле на Барса и побарал годишна плата од околу 43 милиони евра, плус бонус од 5 милиони евра за триумф во Лигата на шампиони, и бонус од 2 милиони евра за триумф во Ла Лига. На оваа сума треба да се додаде и милионскиот бонус за потпис, како и милионската провизија за агентот.

Њукасл сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Осман Дембеле како прво звучно засилување, но и тие останале изненадени од барањата.

Се говори дека Французинот побарал плата од 30 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 30 милиони евра, плус провизија за неговиот агент од 15 милиони евра. Понудата на Њукасл била плата од 20 милиони евра по сезона, бонус за потпис од 20 милиони евра и провизија за агентот од 12 милиони евра.

Според АС, Барселона во понеделник уште еднаш ќе седне на маса со напаѓачот и неговиот агент и ќе се обидат да најдат компромис. Доколку Осман Дембеле не ги намали барањата, Барселона ќе се обиде да го продаде во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×