Дембеле го остави Меси по гаќи: Му го зема и дресот и шорцевите и копачките (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на ПСЖ, Осман Дембеле на социјалните мрежи се пофали дека го соблекол Лео Меси до кожа, не само што разменил дрес, му ги земал и шорцевите и копачките.

„Светците“ синоќа го прегазија Интер Мајами во осминафиналето на Светското клупско првенство и лесно го победија со 4-0.

А по последниот свиреж на судијата тргна потерата по сувенири од настапот против Лео Меси.

Ашраф Хакими веднаш го чекаше за да разменат дресови, а во поттрибинскиот простор истото го стори и Осман Дембеле.

„Многу ми е мило што те видов повторно, Лео ти си најдобриот на сите времиња… Се надевам дека ќе продолжиш да испишуваш историја со Интер Мајами, како што тоа го направи и на ова Светско клупско првенство“ – гласеше објавата на Французинот.

Осман Дембеле подоцна со стори на Инстаграм се пофали дека го оставил Лео Меси по гаќи – му го земал и дресот и шорцевите и копачките. 

ФОТО: X/Inter Miami CF

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×