Напаѓачот на
Лидс, Патрик Бамфорд во еден подкаст откри дека ѕвездата на Барселона, Осман
Дембеле е голем навивач на клубот од „Еланд Роуд“, а побарал дури и потпишан
дрес од него и Калвин Филипс бидејќи не пропуштал ниту еден нивни натпревар.
Голманот и
соиграч на Бамфорд и Филипс, Јан Мелие се погрижил за својот сонародник Дембеле
да го добие посакуваниот подарок за време на интернационалната пауза, а ова
барање на ѕвездата на Барселона наишло на изненадување и од самиот Бамфорд.
„По мечот со
Фулам, Мелие ме замоли да му го дадам мојот дрес, секако, веднаш му го дадов а
притоа го прашав за кого е, кога ми одговори дека е за Дембеле од Барселона,
тоа навистина ме изненади“ рече Бамфорд.
„Јас го прашав ‘чекај, тој го посакува мојот дрес?’, а тој ми потврди дека го посакува мојот
и дресот на Филипс бидејќи е голем навивач на Лидс и не пропуштал наш натпревар“
додаде напаѓачот.
„За момент не му
поверував дека е сериозен, а потоа му реков за возврат да ми донесе и негов
дрес, за потоа да добијам и порака со фотографија од дресот на кој пишува ‘за мојот брат Бамфорд, од Дембеле’“ подвлече Бамфорд.