Договорот на Дембеле со Барселона истекува по крајот на оваа сезона. Клубот се обидуваше да го задржи.
Според актуелниот договор, Дембеле годишно добива плата од 12 милиони евра, но таа сума никогаш не ја оправда.
Таква понуда сега нема од Барса, а ниту од било кој друг клуб во светот. Барселона му нуди 7 милиони евра по сезона.
Според „Спорт“, Дембеле му рекол на својот агент да ја прифати понудата и ќе потпише до 2024 година. Тоа е нов двегодишен договор.
Талентот на Дембеле е неспорен, но неговиот досегашен престој во Барселона го одбележаа честите повреди и неговото непрофесионално однесување.
Живееше со другари кои си ги имаше донесено од Франција, па често знаеше да игра плеј-стејшн до доцни часови, да не може наутро да стане и да доцни или да не дојде на тренинзи. Но, тие денови се зад него. Барселона верува дека Дембеле сега е многу позрел.