Оливие Жиру би можел да се врати во татковината по повеќе од една деценија, откако францускиот прволигаш Лил сериозно размислува да го донесе во своите редови.
Искусниот напаѓач моментално игра во МЛС за Лос Анџелес, но неговиот договор истекува на крајот од годината, а Лил сака да го доведе уште во овој преоден рок. Според пишувањата, клубот веќе стапил во контакт со Жиру и започнал разговори за можна соработка.
Последен пат Жиру настапуваше во Франција во сезоната 2011/12 кога со Монпеље стигна до шампионската титула, пред да замине во Арсенал, а потоа играше и за Челси и Милан.
Во оваа сезона во САД има одиграно 10 натпревари и постигнато три гола. Лил го гледа како искусна опција за втора напаѓачка позиција, со оглед дека Џонатан Дејвид ќе го напушти клубот како слободен агент.
Фото: LAFC