Деле Али одби да го критикува Мурињо: Јас сум виновен што не играв повеќе!

by
1 минути читање

Мурињо кога дојде до Тотнем, веднаш имаше состанок со Деле Али и се обиде да го извади најдоброто од англискиот фудбалер. Но формата на Деле Али беше променлива, а Мурињо сметаше дека тој не се залага доволно на тренинзите за да игра на врвно ниво.

Мурињо и на Деле Али му рече дека има потенцијал да биде еден од најдобрите, но не го користи. Често се пишуваше дека двајцата не беа во добар однос.

Деле Али сега е свесен дека ако играл во голема форма ќе било невозможно за Мурињо да го држи на клупата.

„Единствената личност која е виновна сум јас. Требаше да играм на ниво на кое е тешко да не ме стават во тимот или да не играм. Не обвинувам никој друг, освен мене“, вели Деле Али.

„Работењето со Мурињо беше големо искуство од кое научив многу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×