Деле Али критикуван, на првиот тренинг со Евертон дојде со Ролс Ројс од 250.000 фунти (ФОТО)

by
1 минути читање

Деле Али ќе ја
спасува кариерата под водство на Френк Лампард во Евертон, Англичанецот направи
трансфер на Гудисон во последниот ден од зимскиот преоден рок, во чудна зделка
која сега не чини ниту една фунта, но може да порасне и до 40 милиони.

Фудбалерот од
средниот ред веднаш доби критики откако на првиот тренинг со новиот клуб се
појави со Ролс Ројс вреден околу 250.000 фунти.

„Можеби сум
старомоден, но се појави со Ролс Ројс, јас веднаш си реков, „Ах Деле, немој, не
го прави тоа““
– вели стручниот коментатор Алан Бразил.

Неговиот колега Али
Мекоинс одговори: „Види, мислам дека не грешиш. Да, точно е дека оваа генерација
е сосема различна, но јас сум со тебе Ал. Овие ситне детали се важни. Сакам
Деле Али повторно да се врати во старата форма… но одиш во Евертон, навивачите
на Евертон се работничка класа не знам дали ја испраќа правата порака“.

Алан Бразил потоа
додаде: „Не велам дека треба да се појави во десет години стара Шкода“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×