Дел Пјеро побара од Гвардиола да го научи нешто околу тактиките, веднаш доби одговор

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пошегува со италијанската
фудбалска легенда Алесандро Дел Пјеро по победата кај ПСЖ со 1-2 во првиот меч
во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Поранешната
ѕвезда на Јувентус го праша Гвардиола дали би можел да дојде да научи нешто од него во поглед на тактиките во фудбалската игра, на што веднаш доби и
одговор од него.

Кога ќе имаш
некој слободен ден за да дојдам и да ме научиш?
“ го праша Дел
Пјеро предводникот на „Граѓаните“, а веднаш доби и одговор од него.

Ајде да го
направиме тоа, јас да дојдам во Италија, ми недостасува многу пастата
“ му
одговори Гвардиола, кој инаку во својата кариера настапуваше и за италијанскиот
клуб Бреша.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани