797
Спортскиот директор на Барселона, Деко денеска бил во Леверкузен на средба со Џонатан Та и неговите агенти, двете страни биле задоволни од дискусиите.
„Каталонците“ и понатаму имаат ограничени ресурси за настап на трансфер пазарот, па имаат пикирано неколку фудбалери кои би можеле да пристигнат беспари.
Едно од нив е Џонатан Та од Баер, дефанзивецот ги одработува последните месеци од договорот и летоска ќе замине како слободен играч.
Последните информации велат дека Деко денеска бил во Леверкузен и се сретнал со Германецот и неговите агенти.
Двете страни биле задоволни од дискусиите, и големи се шансите Барселона да ја добие битката со ривалите за потписот на репрезентативецот на „панцерите“.