Деко е виден во Мадрид, ќе договара мега трансфер!

by riste
1 минути читање

Доколку преговорите завршат успешно, Барселона ќе го реализира најважниот трансфер ова лето.

Деко е виден во Мадрид, а шпанските новинари пишуваат дека е таму за да го договори трансферот на Хулијан Алварез.

Алварез од почетокот на преодниот рок се поврзува со Барселона, но досега Атлетико Мадрид беше цврст во ставот дека не го продава.

Останува да се види дали доаѓањето на Деко во Мадрид може да донесе пресврт во ситуацијата и Алварез ова лето сепак да заврши во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×