Деклан Рајс решил да му пркоси на експертот за прекини, откри кој го охрабрил за сензационалниот гол од слободен удар

by bojan
2 минути читање

Деклан Рајс појаснува дека експертот за прекини на Арсенал, Николас Жовер всушност му кажувал да нафрли на подалечната статива, но тој бил охрабрен од соиграчот Букајо Сака да шутира директно кон голот.

Арсенал вчера со 3-0 го совлада Реал Мадрид во првиот натпревар во четвртфиналето во Лигата на шампиони, херој на „топчиите“ беше Деклан Рајс, кој два пати прекрасно погоди од слободен удар.

Првиот гол беше сензационален, Англичанецот биеше со ефе покрај живиот ѕид, и многумина мислеа дека „мозокот“ зад оваа мајсторија е помошникот Никлоас Жовер, кој важи за експерт за прекини во тимот на Арсенал.

Сепак, Деклан Рајс појаснува дека Николас Жовер барал топката да биде нафрлена на подалечната статива, но тој со поддршка на Букајо Сака се решил да шутира кон голот.

Требаше да нафрлиме, тој (Ноколас Жовер) сугерираше да нафрлиме на подалечната статива“ – вели Деклан Рајс.

„Разговаравме со Сака, му реков; „Ми нема логика од тука да нафрламе“. Го погледнав живиот ѕид и видов дека има простор за шут со ефе од надворешната страна на ѕидот. Букајо потоа ми рече, „Ако чувствуваш дека можеш, шутирај“. Па реков, „Знаеш, во право си, ќе шутирам“. Ако не ризикувате, нема да погодите“.

Деклан Рајс претходно во својата кариера нема постигнато ниту еден гол од слободен удар, а вчера два пати ја тресеше мрежата на Реал Мадрид од ваква позиција.

И неговиот втор гол беше маестрален, погоди директно во аголот, па и покрај тоа што шутираше на страната на голманот, Тибо Куртоа немаше шанси да одбрани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани