Деклан Рајс е прескап, Манчестер јунајтед се насочува кон Калвин Филипс

by
1 минути читање

Изминатиов период
често се пишуваше дека „ѓаволите“ сакаат да ангажираат нов дефанзивец од
средниот ред, го меркаат Деклан Рајс и фудбалерот на Вест Хем ќе биде примарна
цел за засилување на тимот.

Сепак, „чеканите“
немаат намера лесно да се откажат од својата млада ѕвезда и поставија висока
цена од 90-100 милиони фунти.

Според пишувањата
на Дејли Стар, оваа бројка е превисока за челниците на Манчестер јунајтед, па
клубот од Олд Трафорд ќе се насочи кон Калвин Филипс. 25 годишниот Англичанец
минатата сезона ја одигра на високо ниво во дресот на Лидс па се најде во стартниот
состав на „Трите лава“ на Европското првенство.

Се верува дека
„белите“ го ценат Калвин Филипс на околу 60 милиони фунти. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани