Дефинитивно нема пиво на СП 2034: „Ако сакате да пиете алкохол – надвор од Саудиска Арабија“

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а таму слично како и во Катар ќе важат посебни мерки.

Тоа што се најавуваше, сега доби и потврда. На Мундијалот ќе биде забранета продажба на алкохол на стадионите. За разлика од Катар каде што се служеше алокохол во одредени фан-зони, во Саудиска Арабија ќе го нема ниту тоа. Така, навивачите останаа без основниот „извор на забава“ на фудбалските натпревари – пивото.

Тука апсолутно нема да има алкохол. Ние сме 100% сува земја, што се однесува до климата и алкохолот. Не дозволуваме конзумација на такви напитоци, ама ве уверувам дека можете да се забавувате и без тоа. Алкохолот навистина не е неопходен. Ако сакате да пиете, слободни сте да го направите тоа кога ќе ја напуштите Саудиска Арабија“, прокоментира политичарот Халид Бин Бандар Ал Сауд.

Според најавите Мундијалот ќе се одржи во пет града: Ријад, Џеда, Абха, Неом и Ал Кобар, на 15 стадиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани