Дефанзивецот на
Челси, Андреас Кристенсен е потенцијална опција за засилување на одбраната на
Барселона, а се шпекулира дека Данецот е еден од двете приоритети на
Каталонците за претстојниот јануарски преоден рок, покрај 21 годишниот фудбалер
на Келн, Хорхе Мере.
Барселона се
соочува со проблеми во дефанзивната линија откако ги продаде Јери Мина и Хавиер
Маскерано, па опции во последната линија останаа Пике, Ленгле и Вермален, кој
постојано се соочува со повреди.
Се наведува дека
Барселона би можела да се обиде да го добие Кристенсен на позајмица од шест
месеци, со опција и целосно да го откупи неговиот договор од Челси по крајот на
позајмицата.
Како и да е, од
поодамна е јасно дека Каталонците не ги кријат своите желби за да го ангажираат
и Матијс де Лигт од Ајакс, кој се споменува како долготрајно решение за
шпанскиот гигант, но, извесно е дека оваа опција е оставена за некоја друга
прилика, но, не и за јануарскиот преоден рок.