Дебакл за Галатасарај, реми на Порто и Рома (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерите на Галатасарај претрпеа убедлив пораз на гости кај АЗ Алкмар со 4:1 и се наоѓаат пред елиминација од Лигата на Европа.

АЗ Алкмар го отвори резултат по само 12 минути игра, Галатасарај се врати и израмни во 20-тата, но тоа беше се од турскиот гигант вечерва.

Холандскиот тим до крајот на првиот дел успеа да дојде до водство со погодокот на Парот во 37. Минута. Работите за Галатасарај се влошија со црвениот картон на Ајхан по шест минути игра во вториот дел.

АЗ Алкмар знаеше како да го искористи тоа, па постигна уште два гола преку Класи и Волф за конечни 4:1.

Голема неизвесност во реваншот ќе има помеѓу Порто и Рома кои денес во Португалија одиграа реми 1:1. Рома пред крајот на првиот дел поведе со 0:1, а Порто преку Моура во 67. го израмни резултатот.

Остана Рома со играч помалку откако втор жолт картон заработи Кристанте во 73. Минута, но Порто не успеа тоа да го искористи.

На останатите две средби во истиот термин Твенте со 2:1 славеше над Бодо Глимт, а на гости со истиот резултат Стеауа беше подобра од ПАОК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани