Де Лихт: Во Ајакс беше разочарување кога ќе победиме со 2-0, тука во Јуве за 1-0 ни викаат браво!

by
1 минути читање

Холанѓанецот во
Ајакс се промовираше во еден од најперспективните дефанзивци, во 2019 неколку
гиганти пројавија интерес за неговите услуги а тој одбра преселба во Јувентус
во трансфер вреден 75 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Во разговор со СиБиСи
Спортс, тој вели дека е среќен во Јувентус и открива од што најмногу се
изненадил по преселбата во „старата дама“:

„Секој натпревар
тука е навистина тежок. Во Ајакс, кога игравме против 15-тиот на табелата и
победевме 2-0, тоа беше разочарување. Во мојата прва сезона во Јувентус, кога
игравме против последниот на табелата, сите беа среќни со победа од 1-0. Јас се
чудев, си велев, „Што е работава, да победивме, но само со 1-0, требаше да
победиме со поголема разлика, ние сме подобар тим“. Но тука нивото на послбите
тимови е многу повисоко“
– вели дефанзивецот, кој ја игра својата трета сезона
во дресот на „бјанконерите“.  

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×