Де Лихт: Размислувавме за Скудетото, но сега целта е освојување на второто место

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Јувентус, Матијс де Лихт вели дека клубот од Торино е фокусиран на обезбедување
на второто место во Серија А сезонава, откако првото место веќе е недостижно за
„Старата дама“.

Де Лихт не крие
дека во соблекувалната на Јувентус имало големо разочарување по ремито со
Фиорентина од резултат 1-1 минатото коло кое под знак прашалник го стави дури и
пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона.

Ние сме
разочарани поради резултатот против Фиорентина, мораме да се трудиме повеќе за
да дојдеме до посакуваните три бода од натпреварите
“ рече Де Лихт.

Потребен ни е
поголем интензитет, поголема храброст во играњето со топка, а мораме да бидеме
подобри и во играта во дефанзивната линија
“ додаде Холанѓанецот, кој вели дека
целта на клубот во моментов е освојување на второто место сезонава во Серија А.

Ние постојано
рамислувавме за Скудетото, но сега желбата е нешто сосема друго, односно да
завршиме на второто место, силни сме и мораме да целиме високо, нашиот фокус е
тој, освојување на второто место
“ заклучи 21 годишниот Де Лихт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×