Де Лаурентус дава 20 милиони евра попуст за Кулибали, ама Манчестер јунајтед пак остана краток за 20 милиони

by
0 минути читање

Сенегалецот подолго
време е следен од гигантите ширум Европа и минатото лето Аурелио Де Лаурентис
се фалеше дека одбил дури 120 милиони евра.

Тешко дека некој
сега ќе плати толку многу поради пандемијата на коронавирус, и според пишувањата
на Скај Италија, Манчестер јунајтед си ја пробал среќата со предлог вреден 80
милиони евра.

Првиот човек на
Наполи е подготвен да даде попуст, но смета дека понудата на „ѓаволите“ не е
доволна. Потребна е сума од 100 милиони евра за разделба на „наполитанците“ со
Калиду Кулибали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×