Аурелио Де
Лаурентис денеска беше на средба со градоначалникот на Неапол и една од темите
беше новиот модерен стадион на Наполи.
„Во Англија се
игра најдобриот фудбал во светот, со најфункционални стадиони и закони кои ги
решија проблемите со хулиганите. Но тешко дека ние можеме истото да го сториме
со мафијата, со Камора и Ндрангета. Малку е покомплицирано кај нас“ – вели првиот
човек на „наполитанците“.
„Изготвен е
проект, го изготвија истите луѓе кои го направија стадионот Алианц.
Градоначалникот ми рече дека сака да се вклучи во работата, па му оставам
простор и време, знам дека кога ќе седнете во фотелјата, потребни ви се
најмалку 6-7 месеци за да разберете во каков хаос е градот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.