Де Лаурентис му поставил ултиматум на Анчелоти за да не добие отказ

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на италијанскиот вицепрвак Наполи, Карло Анчелоти му
преостануваат само два меча во кои ќе мора да донесе резултати од истите
доколку посакува да остане на клупата на таа екипа, односно да се спаси од
отказ.

Извесен период
расте притисокот врз искусниот италијански фудбалски стратег, особено по петте
меча без победа, а ситуацијата кулминираше откако јавно упати несогласување со
првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис околу тоа фудбалерите да бидат
ставени под карантин.

„Спорт Медиасет“
тврди дека Де Лаурентис веќе му дал ултиматум на Анчелоти за да донесе
резултати во следните два меча, доколку овој посакува да си ја задржи својата
позиција во клубот, во спротивно ќе следи отказ.

Наполи од
одиграни 12 кола во Италија обезбеди пет победи, но и четири ремија и три
порази, а во Лигата на шампионите има две победи, но и исто толку ремија во
групата „Е“. Наполи во следните два меча го очекуваат гостувања, најнапред кај
Милан, за потоа и Ливерпул.

Во Италија
истовремено пренесуваат дека прва опција за клупата на Наполи, доколку Анчелоти
добие отказ, би можел да биде Џенаро Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани