Првиот чувар од
мрежата на голот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа не крие дека не може да се
замисли себе си вон „Олд Трафорд“, со тоа што јасно потврди дека својата иднина
ја гледа во редовите на Премиерлигашот.
„Ми се допаѓа
фактот што сум роден во Мадрид, но, на крајот од денот тоа е само град“ вели Де
Хеа во изјавата за „УЕФА“.
„Сега се
чувствувам како да сум од Манчестер, чувствувам како и сите други да се од
Манчестер, таму каде што сум сакан и добредојден како во својот дом“ додава
Шпанецот.
„Тука сум веќе
повеќе години, се’ може да се
случи во животот, во светот на фудбалот, но искрено, јас лично не се гледам
себе си вон Манчестер јунајтед, ова е клубот кој ми даде шанса да бидам тоа што
сум денеска“ подвлече Де Хеа.