Де Бур се одзва за „војната“ со Ливерпул: Не сметам на Ван Дајк, но…

by
2 минути читање

Селекторот на
Холандија, Франк де Бур одговори на коментарите на предводникот на Ливерпул,
Јирген Клоп, во однос на повредата на Вирџил ван Дајк, со тоа што германскиот
фудбалски стратег подвлече дека тешко дека стоперот ќе успее да се подготви за настап на Европското првенство.

Де Бур го налутил Клоп со ветувањето кое му го дал на Вирџил ван Дајк

Де Бур на тоа
додаде дека тој не ни смета на Ван Дајк за европскиот турнир, а кога сме веќе
кај стоперот на Ливерпул, тој е на осум седмици до рехабилитација од повредата
која го оддалечи од терените на подолг рок.

Ние знаеме дека
нему му престојат уште осум седмици, не знам дали тоа ќе биде доволно
“ рече Де
Бур.

Јас сум во
постојан контакт со него, тој веќе се врати на терените, сигурно има добро
чувство за сево ова, мило ми е што се врати на вистинската патека
“ додаде тој.

Сешто би можел тој да стори сезонава за
Ливерпул, или пак за нас би било бонус, меѓутоа јас не сметам на него во
моментов, а доколку успее во намерата целосно да се рехабилитира во вистински
тајминг, тоа би било фантастично за селекцијата, ќе видиме, не би сакал да
вметнувам никаков притисок на оваа тема
“ заклучи селекторот на Холандија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани