157
Во Белгија се
надеваат дека ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне ќе се врати на време
за дуелот со Италија во четвртфиналето од Европското првенство кој е предвиден
на програмата во петок.
„Де Стандард“
пишува дека во белгискиот национален состав има голема надеж за такво сценарио,
а дека е така потврдува и самиот медиум базирајќи се на информации од свои
извори.
Де Брујне сепак
ќе мора да почека до утре за кога се предвидени дополнителните медицински
тестови, со тоа што неговиот глужд и натаму е во болки по судирот со Жоао
Палиња.