178
Од европската
куќа на фудбалот УЕФА ги објавија номинациите за најдобар фудбалер, но и
најдобар тренер за изминатата сезона, а големи се очекувањата обете награди да
ги освојат Италијанци.
За најдобар
фудбалер номинирани во потесниот избор се Кевин Де Брујне од Манчестер Сити,
како и Нголо Канте од Челси, а место има и за неговиот соиграч од таборот на
европскиот клупски првак, но и италијански репрезентативец и освојувач на
последното Европско првенство, Жоржињо.
Во потесниот
избор за најдобар тренер номинирани се шефот на стручниот штаб на Челси, Томас
Тухел, предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, односно селекторот на
Италија, Роберто Манчини.