Де Брујне има две понуди на маса, гиганти од Англија и Италија се во трка по неговиот потпис

by riste
1 минути читање

Кевин Де Брујне ќе има нов клуб наредната сезона, Белгиецот заминува од Манчестер Сити, а на слатки маки ќе биде да ја избере следната дестинација.

Покрај богатите понуди кои ги има од Саудиска Арабија и САД, Де Брујне има понуди од атрактивни клубови од Европа.

За него се интересираат Наполи и Ливерпул.

Веста ја сподели еден од најпочитуваните новинари, Ди Марцио.

„Наполи е сериозен во обидот да го донесе Де Брујне. Белгиецот сака да остане во Европа и има понуди од Ливерпул и Наполи. Во Наполи се надеваат дека предност може да им биде пријателството кое Де Брујне го има со Лукаку“, смета Ди Марцио.

Ливерпул веќе стана шампион на Англија оваа сезона, а Наполи е на добар пат да го направи истото во Италија.

Фановите на Ливерпул споделија и дека Белгиецот како дете навивал за нивниот тим и јавно го кажувал тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани