Де Брујне и пресуди на Данска, Белгија се пласираше во нокаут фазата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Поулсен уште во
втората минута погоди за почетно водство на Данците кои тргнаа мошне офанзивно
и со сите сили кон голот на Белгија, која во првото полувреме беше целосно
потисната на својата половина.

Сепак, пресвртот
се случи по самиот влез во игра на Де Брујне уште на стартот од второто
полувреме, па плејмејкерот најпрво асистираше во голот на Торган Азар во 55
минута за 1-1, а веќе во 70 минута погоди и за водство, но и победа за
фаворитот од 2-1.

Во 87 минута
Куртоа и Белгија имаа доста среќа откако Брејтвајт биеше со глава од една убава
прилика за гол, а во таа ситуација напаѓачот на Барселона успеа да ја погоди
само гредата. 

Белгија со
максимални 6 бода е лидер во групата „Б“, а следат Русија и Финска со по 3,
односно Данска без ниту еден освоен бод. Во последното коло од оваа
конкуренција се среќаваат Белгија – Финска, односно Данска – Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×