Тестот за ковид-19 на Де Брујне во Белгија беше позитивен, тој со сигурност ќе ги пропушти натпреварите на Манчестер Сити со Евертон во Премиерлигата и со ПСЖ во Лигата на шампионите.
„За жал, Кевин доби позитивен тест на ковид во Блегија. Ќе биде во изолација 10 дена“, изјави Гвардиола.
Позитивниот тест Де Брујне го добил пред два дена и ако биде во добра физичка состојба би можел да настапи на 28. ноември против Вест Хем, но Гвардиола вели дека најважно е фудбалерот да биде добар.
„Заборавте на фитнес, на моментум. Важно е дека тој е позитивен и сега треба да се опорави добри. Човечкиот живот е поважен од било што друго“.
„Кога еден човек е позитивен, треба да бидеме внимателни бидејќи луѓе се уште умираат во пандемијата. Тој е вакциниран, има заштита, па се надеваме дека симптомите ќе бидат мали“.