Де Брујне е играч на сезоната во Премиерлигата

by
1 минути читање

Де Брујне оваа сезона даде допринос со 15 голови и седум асистенции.

За Белгиецот ова е втора ваква награда, минатиот пат ова принзние го доби во 2020 година, а лани за најдобар беше прогласен Рубен Диаш.

Покрај Де Брујне, кандидати за оваа награда кои котираа високо беа Мохамед Салах и Хеунг Мин Сон.

Во изборот гласа публиката преку сајтот на Премиерлигата, но нивните гласови се само еден дел, гласаат и капитените на сите 20 клубови, како и панел на фудбалски експерти.

„Многу сум горд што го освојувам ова признание по вторпат. Има многу квалитет во Премиерлигата и задоволство е да бидеш номиниран со толку многу големи фудбалери кои имаат одлични сезони со нивните клубови. Благодарност до стручниот штаб, тренерите и посебно до моите соиграчи бидејќи без нив ова немаше да биде возможно“, изјави Де Брујне.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×