Де Брајне прифатил помала плата, но Наполи и натаму е далеку од она што го бара Белгиецот

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат детали од преговорите помеѓу Наполи и Кевин Де Брајне, разликата помеѓу двете страни е околу 3 милиони евра.

Кевин Де Брајне ќе го напушти Манчестер Сити по крајот на сезоната и разгледува неколку понуди.

Преселба во Наполи е една опција, медиумите од Италија сега откриваат детали од преговорите.

Белгиецот е подготвен да прифати помала плата во однос на таа што сега ја добива на Етихад, и бара примања од околу 10 милиони евра по сезона.

Како што пренесува Калчомеркато, Наполи во моментов на маса има ставено двегодишна соработка со плата од околу 7 милиони евра по сезона, па разликата помеѓу двете страни е околу 3 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани