Давид Луиз за само еден клуб би го напуштил Челси

by
1 минути читање

Давид Луиз од Сао Паоло направи трансфер во младинскиот погон на Виторија од Португалија во чиј дрес дебитираше во сениорска конкуренција. Од таму се пресели во Бенфика и тој клуб остана во неговото срце.

„Мојот сон е да се вратам во Бенфика и да станам Европски шампион со нив“ – вели Давид Луиз.

„Не знам дали тоа ќе биде како тренер или како фудбалер, но сакам да се вратам таму“.

Давид Луиз со Челси го освои и трофејот од Лига Европа и тоа во финале против Бенфика.

„Еден од моите најтешки денови во кариерата беше победата во финалето од Лига Европа против Бенфика. Ме болеше да ги гледам тажни моите пријатели“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани