Давид Луиз
потврди дека е во постојани преговори со претседателот на Бенфика околу можното
враќање во редовите на португалскиот прволигаш, откако договорот на 33
годишниот Бразилец истекува на крајот од идниот месец.
Дефанзивецот
потпиша едногодишен договор со „Топчиите“ ланската година, со опција за
дополнителни 12 месеци во истиот договор, меѓутоа, како што стојат работите,
клубот од Северен Лондон нема да ја продолжи соработката со Луиз, а тој ќе биде
слободен играч на трансфер пазарот од 30. јуни.
„Веќе разговарав
со Виеира околу можното враќање“ вели Луиз за португалскиот весник „Рекордер“.
„Мојот сон е да
ја завршам кариерата во Бенфика, кога, не знам, но тоа ќе се случи, ќе се случи
доколку претседателот Виеира дозволи такво нешто, а секако и доколку навивачите
посакуваат да се вратам, тоа би било еден од најубавите моменти во мојата
кариера“ додава Луиз.
„Дејли Мејл“ во
меѓувреме известува дека во Арсенал ќе се обидуваат да ја стабилизираат
состојбата од финансиска гледна точка поради кризата со пандемијата од
коронавирусот, а неделната плата на Бразилецот во висина од 120,000 фунти се
чини дека би било скапа опција за Арсенал за да се продолжи соработката помеѓу
обете страни, дополнително, отежнувачки е фактот што Луиз веќе има 33 години.