168
Давид Бабунски по раскинот на договорот со Ботошани е слободен фудбалер. Шкендија се обидува да го искористи ваквиот негов статус и да го ангажира во јануари.
Доколку се случи овој трансфер, Бабунски за првпат ќе заигра во Македонската прва лига.
Тој важеше за голем талент додека беше во школата на Барселона, но потоа неговата кариера не се одвиваше онака како што се предвидуваше, Бабунски досега го носеше дресот на Барселона Б, Црвена звезда, Јокахома Маринос, Омија Ардија и Ботошани.