Дармијан го донесе Интер на чекор до Скудетото, Јувентус киксираше кај Фиорентина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер им се врати
на победите откако попладнево со 1-0 славеше против Верона. Херој на „нероаѕурите“
повторно беше Матео Дармијан. Исто како и на средбата со Каљари, бекот погоди
во финишот од мечот за три бода со кои избраниците на Конте сега се на чекор до
Скудетото.

Верона добро го
намачи лидерот, гостите дури успеаја и да постигнат гол за 1-1, но судијата го
поништи за минимален контакт помеѓу Фараони и голманот Хандановиќ.

На вториот
натпревар од 15 часот, Јувентус киксираше на гостувањето кај Фиорентина.

Влаховиќ од пенал ги донесе
„виолетовите“ во водство од 1-0 по половина час игра, а на стартот од вториот
дел, нововлезениот Мората изедначи на 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×