Дарко Велковски гостин во подкастот на ФФМ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Во новото издание на подкастот на Фудбалската федерација на Македонија, гостин е еден од најискусните македонски репрезентативци, Дарко Велковски.

Фудбалерот кој зад себе има богата и успешна кариера отворено зборува за своите почетоци, најважните моменти од професионалниот пат и искуствата стекнати низ годините во Македонија и странство.

Велковски првпат го привлече вниманието на македонската фудбалска јавност како 16-годишник во дресот на Работнички, кога настапи против италијанскиот гигант Лацио. Кариерата ја започна во Македонија Ѓорче Петров, продолжи во Работнички под водство на Горан Петрески, а потоа настапуваше за Вардар, Ријека, Ал-Етифак, Динамо Букурешт и Зрињски Мостар.

Еден е од ретките македонски фудбалери кои настапиле и на младинско и на сениорско Европско првенство со националниот тим, а каде и да играше освојуваше титули и трофеи. Денес, на 31-годишна возраст, повторно е дел од Вардар и сезонава 2025/26 ја круниса со нова шампионска титула.

Погледнете го целото интервју и дознајте повеќе за патот на Дарко Велковски, предизвиците со кои се соочувал, најубавите моменти од кариерата и неговите планови за иднината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×