182
Данска во целост
ја надигра селекцијата на Велс совладувајќи ја со високи и убедливи 4-0 во
осминафиналето од Европското првенство, а резултатот им донесе и поставување на
еден рекорд на ова натпреварување.
Ниту една друга
селекција не успеала да постигне по четири гола на два меча во низа на
Европските првенства, а тоа и успеа на Данска која по победата од 4-1 над
Русија во последното коло во групната фаза, овој пат славеше одново со четири
гола во мрежата на противникот.