Даниел Леви збеснал по интервјуто на Хари Кејн

by
1 минути читање

„Дејли стар“ тврди дека сопственикот на Тотнем, Даниел Леви бил бесен по интервјуто на Хари Кејн со Гери Невил.

Пред извесно време излезе информацијата дека Кејн сака да го напушти Тотнем ова лето и да замине во тим каде што ќе може да освојува трофеи.

Во интервјуто со Гери Невил тој рече дека неговата иднина зависи од него и дека не сака да ја заврши кариерата жалејќи за нешто. Тоа беше протолкувано како наговестување дека сака да ја промени средината.

Кејн во интервјуто го испофали Жозе Мурињо и индиректно го нападна Тотнем и дел од неговите соиграчи откако рече дека во тимот немало лидери какви што сакал да има Португалецот.

Тоа не му се допаднало на Даниел Леви кој се чини дека влегува од грешка во грешка со водењето на клубот. Леви збеснал на изјавите на Хари Кејн и нејасно е каков ќе биде нивниот однос по ова интервју.

Кејн има уште три години од актуелниот договор со Тотнем, клубот сака да го задржи, тој сака да замине. Останува да видиме што ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×